severna koreja - spionski satelit

02.12.2023 Скопје

Јужна Кореја соопшти дека го лансирала својот прв шпионски сателит на американска ракета и успешно влегла во орбитата, нешто повеќе од една недела откако Северна Кореја го испратила својот прв извидувачки сателит во вселената.

Ракетата Space X Falcon 9 полета од базата на вселенските сили Ванденберг во Калифорнија во петокот во 10:19 часот по локално време, објави американската компанија.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека сателитот се одвоил од ракетата 14 минути по полетувањето и воспоставил комуникација со копнената станица.

Овој шпионски сателит е првиот од петте што Јужна Кореја планира да ги стави во орбитата до крајот на 2025 година користејќи американски ракети. Се очекува сателитот да започне целосна операција во рок од четири до шест месеци, изјави јужнокорејски воен извор. Лансирањето беше планирано за четврток, но беше одложено поради лошите временски услови. Северна Кореја соопшти дека нејзиниот извидувачки сателит Малијонг-1 влегол во орбитата на 21 ноември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author