02.12.2023 Скопје
Белата куќа соопшти дека верува оти Израел ќе дозволи камиони со хуманитарна помош да минуваат во Појасот Газа, и покрај континуираната размена на оган меѓу Израел и Хамас, но дека бројот на испораки најверојатно ќе биде намален.
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави, цитирајќи израелски извори, дека Тел Авив ќе дозволи хуманитарна помош по налог на САД, додавајќи дека бројот на камиони ќе се намали на десетина, во споредба со стотиците што влегоа во Газа за време на привремениот примирје.
Кирби нагласи дека на Газа и е потребна поголема помош, но дека тоа сепак е добар знак за иднината.
„Хамас е виновен за прекинот на примирјето“, рече Кирби, додавајќи дека САД се залагаат за нова пауза за размената на заложниците.
Портпаролот на Белата куќа го коригира и претходно наведениот број на ослободени американски заложници од шест на четири.
Подготвено од А.Ѓ.