sad amerika

15.12.2023 Скопје

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој се предвидува буџетот за финансирање на одбраната следната година да изнесува 886 милијарди долари.

Тоа е за 28 милијарди повеќе од оваа година.

За усвојување на законот гласаа 310 конгресмени, а против беа 118.

Законот дозволува зголемување на платите за 5,2 отсто на вработените во армијата, што е најголемо зголемување во последните две децении.

Во документот се издвојуваат 300 милиони долари за финансиска помош на Украина во 2024 година. За оваа намена се планира да се доделат уште 300 милиони долари во фискалната 2025 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author