evra pari

27.12.2023 Скопје

Италијанците за Божиќ потрошиле 22,8 милијарди евра, што е за речиси 15 отсто (околу три милијарди евра) повеќе од лани, соопшти Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“.

Просечната потрошувачка на домаќинствата била 884 евра, додека лани била 770 евра.

Трошоците поврзани со купување подароци се зголемени за речиси 20 отсто – на осум милијарди евра, а Италијанците потрошиле 11,5 милијарди евра на патување – 14 отсто повеќе отколку во 2022 година.

На зголемувањето на трошењето за време на Божиќ годинава повеќе влијаеле повисоките цени во многу сектори, отколку тенденцијата за трошење или зголемувањето на приходите“, се вели во истражувањето на Здружението „Кодаконс“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author