18.12.2023 Скопје
Русија и Кина на состанокот на меѓувладината комисија за енергетика разговараа за прашањето за снабдување со гас и заклучија дека извозот на таа енергија преку гасоводот „Моќта на Сибир“ ќе ги надмине 22 милијарди кубни метри природен гас предвидени во договорот со крајот на годината, изјави вицепремиерот на руската Влада, Александар Новак.
„Разговаравме за прашањето за снабдување. Годинава испораките ќе го надминат планот. Беа планирани 22 милијарди кубни метри, а за 10 месеци обемот достигна речиси 19 милијарди. Односно за цела година извозот ќе надмине 22 милијарди кубни метри“, изјави Новак.
Претходно руската компанија „Газпром“ објави дека значително ги зголемила испораките на гас за Кина од средината на ноември, во согласност со претходно потпишаниот договор.
Лани Русија преку гасоводот „Сила на Србија“ извезе вкупно 15,5 милијарди кубни метри гас во Кина.
Се очекува до 2025 година испораката на гас во Кина преку тој гасовод да го достигне максималниот проектиран капацитет на гасоводот од 38 милијарди кубни метри.
Подготвено од А.Ѓ.