09.12.2023 Скопје
Грчкиот завод за статистика – Елстат објави дека годишната стапка на инфлација во Грција во ноември падна на три отсто од октомвриските 3,4 отсто.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија за девет отсто на годишно ниво, забавувајќи се од октомвриските 9,9 отсто, покажуваат податоците објавени на веб-страницата Елстат.
Во истиот период, хотелските, кафулињата и ресторанските услуги во Грција поскапеле за 4,7 отсто, трошоците за рекреација и култура се зголемени за 2,8 отсто, а цената на опремата за домаќинствата е зголемена за 1,5 отсто, но во сите споменати случаи растот на цените бил поблаг отколку во октомври.
За разлика од нив, цените на облеката и обувките во ноември пораснале за 6,4 отсто, што е забрзано од октомвриските 3,3 отсто. На месечна основа цените во Грција паднаа за 0,4 отсто во однос на октомври.
Подготвено од А.Ѓ.