23.12.2023 Скопје
Индија ја тестира употребата на вештачка интелигенција (АИ) за изградба на климатски модели за подобрување на временската прогноза, рече К.С. Хосаликар, раководител на климатски истражувања и услуги во Индискиот метеоролошки оддел (IMD).
Досега, IMD правеше временски прогнози врз основа на математички модели со помош на суперкомпјутери, но експертите веруваат дека воведувањето на вештачка интелигенција во временската прогноза би можело да помогне да се добијат поквалитетни податоци за прогнозата, по пониска цена.
Индиската метеоролошка служба веќе користела вештачка интелигенција за да генерира јавни предупредувања за топлотни бранови и болести како маларија, рече Хосаликар, додавајќи дека сега, IMD планира да ја прошири употребата на вештачка интелигенција за да обезбеди временски податоци до нивото на селото, и во повисока резолуција.
Владата во четвртокот рече дека сака да генерира временски и климатски прогнози со инкорпорирање на вештачката интелигенција во традиционалните модели и формираше центар за тестирање на идејата преку работилници и конференции.
Индија, дом на 1,4 милијарди жители, во последните години се соочува со екстремни временски услови поради глобалното затоплување.
Метеоролошките агенции ширум светот се повеќе се фокусираат на воведување на вештачка интелигенција во временската прогноза.
Дополнително, неодамна беше откриено дека моделот за временска прогноза базиран на вештачка интелигенција финансиран од Google ги надминува конвенционалните методи.
Подготвено од А.Ѓ.