crno more 123

28.12.2023 Скопје

Товарен брод со панамско знаме се упати кон пристаништето на Дунав за да товари жито, удри во мина во Црното Море.

По тој повод две лица се повредени, соопшти денеска украинската армија.

Ова е најнов инцидент во Црното Море.

„Цивилен брод под панамско знаме беше разнесен кога налета на мина во Црното Море… Бродот го загуби курсот и контролата, а на горната палуба избувна пожар“, соопшти јужната воена команда на Украина.

Едното лице е хоспитализирано, а на другото му е укажана лекарска помош на лице место.

Војската додаде дека е испратен реморкер, но не прецизираше кога се случил инцидентот.

Москва ги интензивираше нападите врз украинската пристанишна инфраструктура од средината на јули, кога го напушти Црноморскиот договор постигнат со посредство на ОН кој овозможи безбеден премин на украинските пратки со жито преку Црното Море.

Оттогаш Киев воспостави алтернативна рута користејќи ги своите пристаништа на Дунав.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author