https://www.facebook.com/photo.php?fbid=601323681366752&set=pb.100044673756778.-2207520000..&type=3

18.12.2023 Скопје

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски до крајот на неделава очекува да му бидат доставени извештаите од минатомесечната работа на работната група за ревизијата на автопатот Кичево-Охрид, од кој ќе зависи одлуката дали државата ќе го раскине или продолжи договорот со кинеската компанија „Синохидро“. Целосната состојба ќе ја презентира пред Владата на седница и ќе бидат донесени понатамошни одлуки.

Министерот Бочварски смета дека е рано и би било избрзано да се носи било каква одлука за раскинување на договорот со „Синохидро“ се додека не пристигнат извештаите од експертите и се додека тие не бидат детално разгледани и анализирани.

Разгледувањето на можноста за раскинување на договорот со „Синохидро“ почна интензивно да се разгледува на почетокот на минатиот месец, затоа што веќе на 31 декември оваа година истекува рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид кој се гради веќе десет години.

Недозволиво е еден автопат да се гради 10 години и се уште да не биде готов, и не се исклучува можноста овој автопат да го доизгради друга компанија, рече премиерот Ковачевски.

Подготвено од М.Д.

About Author