ribnikar srbija

27.12.2023 Скопје

Директорката на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Олга Митровиќ, поднесе оставка, потврди претседателот на Советот на родители, Игор Ѓорѓевиќ.

Тој вели дека директорката поднела оставка од таа функција од здравствени причини, пренесуваат српските медиуми.

„Директорката е на боледување десет дена и затоа си поднесе оставка“, рече Ѓорѓевиќ.

Љубомир Пјевовиќ е назначен за в.д директор на тоа училиште, изјави српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

Во „Рибникар“ на 3 мај се случи масакр кога ученик од тоа училиште К.К., кој тогаш имал 13 години, уби девет ученици и еден училишен чувар, а повреди шест лица.

По вонреден инспекциски надзор, разрешена е претходната директорка Снежана Кнежевиќ, која раководеше со училиштето од 2005 година.

На нејзино место беше поставена Анѓела Петровиќ, која на таа функција остана три месеци, а потоа поднесе оставка. На нејзиното место дојде наставничката Олга Митровиќ која ја презеде функцијата на 5 октомври.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author