06.12.2023 Скопје
Чајот од нане произведен од „Агристар“ од Вишњевац се повлекува од хрватскиот пазар поради зголеменото количество на пиролизидински алкалоиди кои можат да бидат опасни за црниот дроб и белите дробови, соопштија од Инспекторатот.
Станува збор за чај од нане во рефус од 80 грама, чиј датум на производство е 23 октомври.
Од Инспекторатот наведуваат дека суровината за чајот, листовите нане, е набавена во Србија.
Хрватската агенција за храна наведува дека високите дози на пиролизидински алкалоиди може да доведат до заболување на црниот дроб.
Подготвено од А.Ѓ.