hrvatska vojska

22.12.2023 Скопје

Воениот буџет на Хрватска во 2024 година ќе изнесува повеќе од 1,17 милијарди евра, што е зголемување за 644 милиони евра или 122 отсто во однос на 2016 година.

Инвестициите во опремување и модернизација на хрватската армија и во изградба на инфраструктура се зголемени за дури 622 отсто, беше речено на средбата на премиерот Андреј Пленковиќ со претставници на Министерството за одбрана и на хрватската армија.

На работната средба се разговараше за понатамошни инвестиции во опремување и модернизација на хрватската армија, како и за подобрување на правата и положбата на војниците кои се во центарот на одбранбениот систем.

Набавката на оклопни возила од типот „Бредли“ и борбени авиони „Рафал“ беа оценети како стратешки чекор напред и потврда за континуираното зајакнување на сите единици на хрватската армија за да бидат уште поподготвени да ги исполнат своите задачи, пренесуваат хрватските медиуми.

Пленковиќ најави дека Владата наскоро ќе донесе уредба со законска сила со која ќе се зголеми старосната граница за престанок на воениот рок по сила на закон, за војниците и морнарите под договор, од сегашните 45 години на 50 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author