hakeri

20.12.2023 Скопје

ЕПС Србија се опоравува од невиден хакерски напад, крипто-тип, кој во никој случај не го загрози производството, ниту снабдувањето со електрична енергија.

Како што беше соопштено, сите активности од трговијата со електрична енергија се одвиваа непречено, со почитување на преземените обврски.

Преземени се сите заштитни мерки за зачувување на системот и заштита на безбедноста на податоците. Од безбедносни причини, ИТ-системите се ставени надвор од функција додека експертите за ИКТ не бидат апсолутно сигурни дека вирусот е елиминиран.

„Апелираме на трпение на корисниците на сајтот ‘Увид во сметката’“, бидејќи поради преземените заштитни мерки отежната работа на порталот. За хакерскиот напад се информирани надлежните државни органи, кои преземаат мерки во нивна надлежност“, наведуваат надлежните од Електростопанството на Србија.

Како што се додава, Електростопанство Србија не е исклучок, бидејќи хакерските напади се почесто се случуваат низ Европа и светот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author