27.12.2023 Скопје
Хакери ширум светот украле милијарди долари во криптовалути оваа година, но оваа сума е помала од минатата година, објавија компаниите специјализирани за сајбер безбедност.
Компанијата DiFi (De.Fi) верува дека хакерите присвоиле две милијарди долари во криптовалути во 2023 година, што, според нејзиниот извештај, „ги истакнува постојаните ранливости и предизвици во екосистемот DiFi“.
Компанијата за блокчејн TRM Labs претходно во декември процени дека хакерите украле криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари оваа година.
Овој резултат е подобар од 2022 година, годината кога, според Chainalysis, хакерите украле рекордни 3,8 милијарди долари во криптовалути.
Хакерите од Северна Кореја познати како Групацијата Лазар беа „најуспешни“ минатата година и украдоа криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари.
Подготвено од А.Ѓ.