01.12.2023 Скопје
Денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, порача дека согорувањето на фосилните горива мора целосно да се запре, затоа што намалувањето на нивната употреба нема да биде доволно за да се запре глобалното затоплување.
„Постигнувањето на границата од 1,5 степени е можно само ако ја прекинеме употребата на фосилни горива. Не само да ја намалиме“, им порача Гутереш на светските лидери.
Гутереш ги повика омпаниите за фосилни горива да инвестираат во премин кон обновливи извори на енергија и ги повика владите да помогнат така што ќе ја форсираат оваа промена, вклучително и преку високите даноци на профитот во секторот.
Подготвено од А.Ѓ.