29.12.2023 Скопје
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека 2024 година треба да стане година на обновена доверба и надеж.
„Мораме заедно да се соочиме со поделбите за да најдеме заеднички решенија“, рече Гутереш во видео пораката за крајот на годината.
Според него, тоа треба да се направи заради акција против климатските промени, поправеден глобален финансиски систем и противење на дискриминацијата и омразата кои ги „трујат односите меѓу земјите и заедниците“.
Гутереш ја опиша 2023 година како „година на огромно страдање, насилство и климатски хаос“.
Подготвено од А.Ѓ.