21.12.2023 Скопје
Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска соопшти дека од грчките затвори се ослободени уште 16 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб.
Така, ослободени се вкупно 91 хрватски државјанин.
„Според информациите добиени од хрватската амбасада во Атина, ослободени се уште 16 хрватски државјани, со што се ослободени вкупно 91 хрватски државјанин“, се наведува во соопштението.
Членовите на навивачката група „Бед Блу Бојс“ од август се сместени во 14 затвори низ Грција поради учество во тепачка со навивачите на АЕК во која беше убиен навивач на атинскиот клуб.
Како и останатите, и на оваа група им била понудена и користела финансиска помош при враќањето во Хрватска, а од министерството изјавиле дека и била понудена можност за уплата на депозит со подоцнежен поврат за да се забрзаат процедурите, но таа понуда не била искористена. бидејќи депозитот бил уплатен преку адвокатот на навивачите.
Сите уапсени навивачи биле сослушани на суд, а според грчките медиуми биле поднесени 95 барања за ослободување.
Владата преку амбасадата во Атина ќе продолжи да им помага на хрватските граѓани и да одржува комуникација на сите нивоа со соодветните грчки тела, се додава во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.