grcija i turcija znaminja

07.12.2023 Скопје

Турција и Грција ја објавија „Атинската декларација за пријателски и добрососедски односи“ денес за време на официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на грчката престолнина.

„Препознавајќи ја обновената волја за соработка меѓу владите на двете земји и нагласувајќи дека врските меѓу двата соседни народи имаат потенцијал значително да го зголемат просперитетот и динамиката на регионот“, во декларацијата се нагласува потребата да се продолжи заедничката работа за корист на двете општества во атмосфера на пријателство и меѓусебна доверба.

Како што се наведува во декларацијата, двете земји истакнале дека се посветени на негување пријателски односи, меѓусебно почитување, мирен соживот и разбирање и барање решение за секој спор меѓу нив во согласност со меѓународното право.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author