27.12.2023 Скопје
Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата е избран за најдобар спортист во Европа.
Станува збор за гласање на кое учествуваат новинските агенции ширум континентот, а веќе 66-ти пат се избира најдобар спортист на годината.
Ѓоковиќ доби 178 поени, а го повтори успехот од 2011, 2015, 2018 и 2021 година.
Втор во гласањето беше Макс Верстапен, шампион во Формула 1, трет атлетичарот Арман Дуплантис.
На четвртото место заврши Ерлинг Халанд, најдобриот стрелец на европскиот шампион Манчестер Сити, додека победникот на НБА прстенот Никола Јокиќ беше само петти.
Подготвено од А.Ѓ.