Image by Racool_studio on Freepik

29.12.2023 Скопје

Годишната стапка на инфлација во Шпанија, според прелиминарната проценка, паднала на 3,1 отсто во декември, од 3,2 отсто во ноември, објави денеска шпанскиот Институт за национална статистика (INE).

Пазарите очекуваа малку повисока декемвриска инфлација од 3,4 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, падна на 3,8 отсто во декември од 4,5 отсто во ноември и сега е на најниско ниво од март 2022 година, се наведува на веб-страницата на Институтот за национална статистика.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера изјави дека неговата земја постепено ќе се врати на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 21 отсто на сметките за енергија во следните шест месеци, што ќе ги зголеми потрошувачките цени за домаќинствата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author