07.12.2023 Скопје
Државниот завод за статистика – Макстат објави дека годишната стапка на инфлација падна на 3,1 отсто во ноември од 3,5 отсто во октомври.
Според веб-страницата Макстат, прехранбените производи и безалкохолните пијалоци во ноември пораснале за 0,3 отсто на годишно ниво, а цените на домувањето и комуналните услуги 5,1 отсто, облеката и обувките четири отсто, мебелот и покуќнината за 9,3 отсто.
Во сите наведени случаи, растот на цените на годишно ниво е помал во однос на октомври.
Наспроти тоа, цените во областа на комуникациите го забрзаа својот раст на 2,4 отсто од септемвриските 0,2 отсто, додека цените на транспортот паднаа за 2,4 отсто на годишно ниво.
Годишната основна стапка на инфлација во падна на 3,86 отсто во ноември, од 5,83 отсто во октомври.
На месечно ниво цените се зголемени за 0,1 отсто во однос на октомври.
Подготвено од М.Д.