kulturaaa123

01.12.2023 Скопје

Годишниот симпозиум на Зружението на ликовни критичари АИКА Македонија, насловен „Визуелизирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“, ќе се одржи денеска, (петок, 1 декември) со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност – Скопје.

Учеснички на симпозиумот се Нада Пешева (историчарка на уметност), Ана Ивановска Дескова (архитектка, историчарка на архитектура и истражувачка, вонредна професорка на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје) и Јана Коцевска (ко-основачка на Тиииит! Инк. и на фестивалот „Прво па женско“).

Симпозиумот се организира со финансиска и техничка поддршка од Министерство за култура и Музеј на современата уметност-Скопје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author