18.12.2023 Скопје
Денеска Меѓународната агенција за енергија објави дека глобалната побарувачка за јаглен во 2023 година достигна историски максимум од 8,53 милијарди тони.
Глобалната побарувачка за јаглен се зголеми за 1,4 отсто оваа година во споредба со претходната година, но овој раст ги маскира големите разлики меѓу регионите, се вели во извештајот на веб-страницата на ИЕА.
Побарувачката на јаглен во ЕУ и во САД оваа година би можела да падне за 20 отсто на годишно ниво, додека побарувачката во Индија се зголемила за осум отсто во истиот период, а во Кина за пет отсто.
Меѓународната агенција за енергетика смета дека побарувачката на јаглен во светот до 2026 година ќе падне за 2,3 отсто во однос на годинашното ниво, дури и ако земјите не спроведат построги еколошки мерки од претходно.
Намалувањето на побарувачката на јаглен ќе биде поттикнато од големото проширување на капацитетот за обновлива енергија во следните три години, посочува ИЕА.
Кинеската побарувачка за јаглен претставува повеќе од 50 отсто од глобалната побарувачка, а токму во оваа земја значително ќе се прошири капацитетот за обновлива енергија, а со тоа ќе се намали побарувачката за споменатиот извор на енергија, заклучува организацијата со седиште во Париз.
Подготвено од А.Ѓ.