04.12.2023 Скопје
Германскиот министер за економија Роберт Хабек не патува во Дубаи на климатската конференција COP28 бидејќи на Германија и треба тој да ги продолжи преговорите за буџетот за 2024 година, изјави портпаролот на германската влада.
Хабек требаше да лета за Дубаи вечерва за да присуствува на COP28, а потоа за Оман, Израел и Саудиска Арабија.
Сепак, германскиот канцелар Олаф Шолц побара од него да го одложи патувањето и да им даде приоритет на разговорите во коалициската влада за тоа како да се реши дефицитот од 17 милијарди евра во буџетот за 2024 година, создаден со одлуката на Уставниот суд минатиот месец.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и Шолц присуствуваа на конференцијата COP28, која започна на 30 ноември и трае до 12 декември.
Подготвено од А.Ѓ.