09.12.2023 Скопје
Германското воено раководство ја предупреди владата во Берлин. Оттаму предупредија дека Германците во иднина може да плачат над гробовите на нивните млади луѓе кои ќе загинат во одбранбена војна со Русија.
Германците, но и многу други европски млади луѓе би можеле да умрат бидејќи немаат доволно оружје и доволно воена опрема за да се спротивстават на растечката воена машина на рускиот претседател.
Владата во Берлин е предупредена за опасноста што се заканува доколку канцеларот Олаф Шолц и неговите коалициски партнери продолжат да бидат неодлучни и многу бавни кога станува збор за воената помош за Украина. Заедно со негрижата за безбедноста на Германија и Европа, таква е и неодлучноста и големиот морален неуспех на политичката елита во Берлин.
И покрај фактот што Германија, заедно со Америка, е најголемиот воен поддржувач на Украина, многу ефикасните тенкови за чистење мини Кејлер, кои можеа решително да ја „турнат“ летната неуспешна украинска контраофанзива, никогаш не пристигнаа во Украина од Берлин.
Подготвено од А.Ѓ.