Image by 8photo on Freepik

23.12.2023 Скопје

Французите се помалку пијат вино, па така во 1980 година половина од населението пиело вино секој ден или речиси секој ден, а во 2022 година само 11 отсто од нив.

Уделот на редовните потрошувачи на вино дополнително се намалил во 2022 година во однос на 2015 година, што е дел од трендот на намалување на консумацијата на алкохол, покажува деветтото издание на петгодишната студија за потрошувачката на вино во Франција.

Во 2022 година, редовните потрошувачи, кои консумираат вино дневно или речиси секојдневно, претставуваа 11 отсто од населението, што е пет отсто помалку во споредба со претходната студија од 2015 година, според истражувањето спроведено од Ipsos Obzerve за FranceAgriMer и Cniv (Национална интер-професионална комисија за вина со ознака на потекло и географска ознака).

Виното го консумираат мнозинството потрошувачи, но сега тоа го прават повремено, се вели во студијата.

Авторите на студијата го објаснуваат фактот дека со промената на генерациите се намалува бројот на редовни конзументи на вино, но наведуваат дека и тоа е дел од општиот тренд на намалување на консумацијата на алкохол.

Во студијата се потсетува дека од 1960-тите до 2022 година просечната индивидуална потрошувачка на вино кај Французите се намалила за повеќе од 60 проценти.

Процентот на луѓе кои не консумираат вино се искачи на 37 отсто, вклучувајќи околу осум отсто кои го пијат само на прослави.

Околу 19 отсто од Французите наведуваат дека не консумираат други алкохолни пијалоци освен вино, што е четири отсто повеќе од 2015 година.

Од алкохолните пијалоци, најголем број консументи има само пивото, покажа студијата на FranceAgriMer и Cniv.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author