gaza vojna 1

11.12.2023 Скопје

Против палестинската милитантна група Хамас и нејзините поддржувачи од ЕУ се бара да воведе „ад хок“ санкции од страна на министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Италија.

Во писмото до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел се наведува дека ја изразуваат нивната целосна поддршка за предлогот да се создаде „ад хок“ режим на санкции против Хамас и неговите поддржувачи.

Во писмото се наведува дека брзото усвојување на овој режим на санкции ќе овозможи да се испрати силна политичка порака за посветеноста и солидарноста на Европската унија со Израел.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author