gob-8-septemvri

27.12.2023 Скопје

Лекари од градската општа болница „8 Септември“, обвинуваат за скандалозни вработувања на тројца физиотерапевти, притоа потенцираат дека се вџашени од ваквиот скандал кој става црна дамка за „белите мантили“.

Наместо според ранг-листата која е направена од комисија во кои се бодувани успех, тестирање, познавање јазик, како и интервјуа кои траеле само една-две минути, во кои младите луѓе препознале наговестување каков епилог ќе има конкурсот за вработување на овој медицински кадар објавен по речиси еднодецениска пауза, избрани се најслабо-рангираните. Можеби тој што ги бирал или препорачувал чита наопаку!

Лицата кои без здравствено и пензиско осигурување со години ги извршуваат професионално катадневно работните задачи се прескокнати. Зошто? Затоа што немаат партиски, министерски, директорски врски… Наместо комисијата која ја спроведувала постапката, одлуката да пресече во свои раце ја земал директорот Христијан Костов, потпишан на одлуката. Истиот тој директор во фотелјата е донесен по партиска линија. А, за да ја зачува истата изигрува „џубокс“ и исполнува партиски и министерски желби.

Подготвено од М.Д.

About Author