srednoskolci protest

22.12.2023 Скопје

Се продолжува рокот за аплицирање за добивање финансиска помош за учениците до 25 декември, заклучно со понеделник. Оваа одлука ја донесе Министерството за образование и наука.

Поради големата бирократија, краткиот рок за поднесување на документите, но и хаос пред шалтерите кои издаваат документи потребни за остварување на правото за парична помош на учениците, поради тоа Министерството одлучи да го продолжи рокот за аплицирање, се со цел, што повеќе ученици да можат да ги комплетираат и поднесат потребните документи потребни за оваа мерка.

Право да аплицираат за оваа финансиска помош, имаат основци и средношколци, чии вкупни месечни приходи во домот не надминуваат 50.000 денари.

Сите оние ученици кои веќе ја имаат добиено оваа финансиска помош, ќе мораат секој месец да ги доставуваат потребните документи во училиштата во кои посетуваат настава, а се со цел да им биде продолжено правото на финансиска помош, додека пак оние ученици кои се уште не го оствариле ова право, повикот за аплицирање ќе биде објавуван секој месец каде што сите ќе можат да остварат право на оваа помош.

Службите во Министерството и наука се во постојана комуникација со потенцијалните кандидати, се со цел да им се помогне полесно и побрзо да ги комплетираат документите потребни за апликација за оваа мерка, притоа нагласуваат од Министерството дека постои доста голем интерес за остварување на правото на оваа финансиска помош.

Подготвено од М.Д.

About Author