https://www.flickr.com/photos/lloydchapman/14728162129/in/photolist-ortFtP-9WetRx-67ShH4-bLbfar-5JDfg8-2jTE1E9-xR2SEu-46QPCs-bnZBSB-BxWtif-3Z4yKK-5bumCL-2m5Scmm-bCAzVV-2Vwx8p-7XCcJZ-5A9PUm-eztgnA-V6BNDJ-2iWatEQ-5ziHrw-oikeq7-fN32vo-bWV6GD-jH7aNm-qVvaJt-W1dVaY-7XFsH9-PLkVh-HHpueR-qq66Ai-hehjen-2no8Xyb-wADerf-7Jh3rk-8nnWVo-2iBYz2r-5ur8Ks-V8PGpw-2joiXKk-qycefN-ab7YUH-6tXmzp-abaQj7-dbMuGc-abaQhU-2kKydRW-nwhXB9-abaQfh-aDrABc

05.12.2023 Скопје

Американското Министерство за трговија објави дека новите нарачки во фабриките во САД паднаа за 3,6 отсто на месечна основа во октомври на најниско ниво од април 2020 година. Истовремено, Министерството за трговија нареди ревидирање на податоците за септемврискиот месечен раст од 2,8 на 2,3 отсто.

Падот на нарачките во октомври е резултат пред се на помалиот интерес за транспортните средства – тие нарачки паднале за 14,7 отсто.

Ова е најмногу резултат на падот од 47,9 отсто на нарачките за цивилни авиони и делови, како и штрајкот во автомобилската индустрија, кој оттогаш заврши, па аналитичарите очекуваат подобрување на статистиката за ноември.

Нарачките на моторни возила и делови во октомври се намалени за 0,8 отсто на месечно ниво.

Без транспортниот сектор, фабричките нарачки во октомври паднаа за 1,2 отсто.

Нарачките за трајни производи паднаа за 5,4 отсто по порастот од 4,0 отсто во септември.

Нарачките на нетрајни производи во октомври паднаа за 1,9 отсто на месечно ниво, откако претходниот месец пораснаа за 0,6 отсто.

Нарачки на т.н на основните капитални добра без одбрана и воздухопловство во октомври се намалени за 0,3 отсто во однос на септември.

Во споредба од година во година, САД сепак забележаа пет отсто зголемување на нарачките во октомври.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author