14.12.2023 Скопје
Дводневниот состанок на Европскиот совет ќе се одржи денеска и утре во Брисел, а меѓу главните теми ќе биде и проширувањето на ЕУ, вклучително и процесот на стабилизација и асоцијација и следните чекори на овој план, соопшти Советот.
Се очекува лидерите на ЕУ да разговараат и за специјалната воена операција на Русија во Украина и помошта за Киев и украинскиот народ.
Една од темите ќе биде ситуацијата на Блискиот Исток.
Во текот на дводневната средба, лидерите ќе разговараат и за долгорочниот буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, безбедносни и одбранбени прашања и надворешнополитички прашања.
Подготвено од А.Ѓ.