svetski berzi

30.12.2023 Скопје

Европските берзи се збогуваат со 2023 година, а повеќето главни индекси се во пораст, како и цените на нафтата и златото.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 16.746,68 поени, лондонски FTSE 100 на 7.735,14 поени, француски CAC 40 на 7.563,48 поени, а московски MOEX падна на 3.088,9 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones скокна на 37.710,10 поени, исто како и S&P 500 на 4.783,35 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот беше 15.095,14 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 72.240 долари, како и цената на нафтата од типот Брент на 77.493 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 33,395 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.071,50 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 6,2934 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесува 1,10667.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author