29.12.2023 Скопје
Германската влада верува дека ЕУ ќе може да продолжи со финансиска помош за Украина, дури и ако Унгарија е против тоа, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристијан Вагнер.
„Знаете дека уште еднаш ја проширивме нашата билатерална помош и планираме да обезбедиме воена поддршка во вредност од осум милијарди евра следната година. ЕУ, исто така, ќе продолжи да ја поддржува Украина во секој случај“, рече Вагнер.
Вагнер потсети дека во декември на самитот на ЕУ се разговарало за доделување 50 милијарди евра за Украина, но тоа прашање тогаш не било позитивно решено поради противењето на Унгарија.
„На почетокот на следната година, Германија ќе продолжи активно да го промовира доделувањето на оваа помош за Украина во ЕУ“, заклучи Вагнер.
Подготвено од А.Ѓ.