25.12.2023 Скопје
Со официјално предупредување, Европската комисија покрена постапка против Хрватска и уште седум други земји-членки на ЕУ.
Од Европската комисија соопштија дека причината за покренување на постапката е затоа што ги немаат пренето на сосема коректен начин сите одредби од директивата за сезонските работници.
Целта на директивата е да обезбеди правични и транспарентни правила за прием на сезонски работници од трети земји во ЕУ. Исто така, целта е да гарантира пристојни услови за работа и живот, еднакви права и соодветна заштита од експлоатација низ ЕУ за работниците кои доаѓаат од трети земји.О
Официјални предупредувања, покрај Хрватска, добија и Чешка, Франција, Унгарија, Малта, Холандија, Австрија и Полска.
Според Европската комисија, Чешката Република, Франција, Хрватска, Унгарија, Малта, Холандија, Австрија и Полска неправилно имаат пренето и/или имплементирано некои обврски од директивата.
Чешката Република, Франција, Хрватска, Унгарија, Малта, Холандија, Австрија и Полска имаат рок од два месеци да ги преземат неопходните мерки за отстранување на недостатоците што ги утврди Комисијата.
Доколку не добие задоволителен одговор, Европската комисија може да им испрати аргументирани мислења.
Во април 2023 година, Комисијата го започна првиот сет на прекршочни постапки со испраќање формални предупредувања до Белгија, Бугарија, Германија, Естонија, Грција, Италија, Кипар, Латвија, Литванија и Луксембург.
Комисијата, како чувар на договорите на ЕУ, е одговорна за следење на тоа како земјите-членки ги применуваат европските закони и објавува пакет со прекршување на правата на ЕУ еднаш месечно.
Врз основа на сопствените истраги или поплаки од граѓани, компании или други заинтересирани страни, покренува постапка за прекршување на правото на ЕУ.
Постапката има три чекори. Првата е испраќање официјално предупредување, а доколку не се реши работата со тоа предупредување се испраќа образложено мислење во кое се бара да се обезбеди усогласеност со законодавството на ЕУ.
Доколку земјата-членка сè уште не соработува, Комисијата може да го упати случајот до Судот на правдата на Европската унија. Повеќето случаи се решаваат пред да одат на суд.
Подготвено од А.Ѓ.