evropska centralna banka

16.12.2023 Скопје

Европската централна банка одлучи да не ги зголемува каматните стапки.

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на операциите за главно рефинансирање на 4,5 отсто, каматната стапка на депозитите на четири отсто и маргиналната каматна стапка на 4,75 отсто.

Претходните зголемувања на каматните стапки продолжуваат да имаат силно влијание врз економијата, бидејќи заострените услови за финансирање ја намалуваат побарувачката и на тој начин помагаат за умерена инфлација, се наведува во публикацијата на веб-страницата на Европската централна банка.

Економскиот раст на еврозоната во блиска иднина ќе забави, но економијата постепено ќе закрепнува и по растот од 0,6 отсто во 2023 година, ќе се забрза до 0,8 отсто во 2024 година и до 1,5 отсто во 2025 година.

Европската централна банка очекува инфлацијата да биде 5,4 отсто на крајот на тековната година и да се преполови на 2,7 отсто во 2024 година, дополнително да се намали на 2,1 отсто во 2025 година и на 1,9 отсто во 2026 година.

Споредено со септемвриските прогнози, ЕЦБ сега очекува помала инфлација и во тековната и во 2024 година.

Според очекувањата на ЕЦБ, базичната инфлација ќе биде пет отсто на крајот на оваа година, ќе падне на 2,7 отсто во 2024 година и дополнително ќе падне на 2,3 отсто во 2025 година и на 2,1 отсто во 2026 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author