https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Banderas_europeas_en_la_Comisi%C3%B3n_Europea.jpg

27.12.2023 Скопје

Портпаролката на ЕУ, Набила Масрали, на привремените институции на Приштина, Албин Курти, му порача дека Приштина имаше 10 години да го напише Статутот на Заедницата на српските општини.

Вака таа реагираше на неодамнешната изјава на Курти дека може да напише модерен европски нацрт статут.

„Косово имаше можност во последните 10 години да поднесе предлог за ЗСО. Во оваа напредна фаза од процесот каде што се очекува наскоро да започне формирањето на ЗСО, Косово е покането да ги понуди своите коментари и предлози за нацртот на маса“, изјави портпаролката за новинарите.

Истовремено, Европската унија оцени дека предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство, кој нејзините претставници го претставија на 21 октомври, е најдобар можен, односно нацрт-статутот кој веќе е претставен на Курти е модерен.

„Како што многупати кажавме, европскиот нацрт статут, кој на 21 октомври на премиерот Курти му го претставија претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, и дипломатските советници на францускиот претседател, германската канцеларка и италијанскиот премиер, заедно со американскиот пратеник Габриел Ескобар претставува модерен европски начин за решавање на чувствителното прашање на заштитата на малцинствата. ЕУ и нејзините партнери веруваат дека тоа е најдобриот можен начин да се решат прашањата на двете страни. Очекуваме двете страни да продолжат со разговорите врз основа на тоа нацрт“, соопшти ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author