ilon mask i X

23.12.2023 Скопје

ЕУ официјално објави дека се сомнева дека X, поранешната платформа на Твитер и нејзиниот сопственик Илон Маск, ги прекршува нејзините правила во врска со дезинформациите.

Дигиталниот комесар изјави дека X го прекршува правото на ЕУ.

Тој посочи дека Илон Маск го прекршува правилото за транспарентност. Во соопштението се наведува дека е важно овој процес да остане без политичко влијание и да го следи законот.

Илон Маск изјави дека X е фокусиран на создавање безбедна и инклузивна средина за сите корисници на платформата, притоа штитејќи ја слободата на изразување и тие ќе продолжат неуморно кон целта.

Ова се првите формални постапки покренати според Законот за дигитални услуги, строгите нови правила за големите технолошки компании воведени од ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author