evropska unija pomos ukraina

14.12.2023 Скопје

Европската унија одлучи да одмрзне 10,2 милијарди евра средства наменети за Унгарија.

Европската комисија ги одмрзна средствата, кои сочинуваат една третина од средствата што ЕУ ги замрзна пред една година поради спорното владеење на правото и проблемите со корупцијата во земјата, истовремено објавувајќи дека владата на Виктор Орбан усвоила легислатива за да обезбеди независност на судството.

Унгарија сега ќе може да поднесува извештаи за трошоците на проектот до Европската унија и да и бидат вратени околу 10,2 милијарди евра, во согласност со начинот на распределба на средствата на блокот.

„По темелна проценка и неколку дијалози со унгарската влада, Комисијата смета дека Унгарија ги презела неопходните мерки на кои се обврзала, во областа на независноста на судството“, додаваат од Европската комисија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author