20.12.2023 Скопје
Европската унија ги укинува тарифите за американските стоки до крајот на март 2025 година, што Брисел ги воведе како одмазда за тарифите на Вашингтон за челик и алуминиум од ЕУ.
Оваа информација беше објавена на официјалната веб-страница на ЕУ.
Европската унија одлучи да се воздржи од тарифи врз основа на договорот со САД во кој Вашингтон се обврза да ги суспендира и сопствените царини од 25 отсто за европскиот челик и 10 отсто царини за алуминиум од ЕУ.
Американските царини за челик и алуминиум од ЕУ беа воведени во 2018 година од страна на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Вашингтон претходно се согласи да ги суспендира своите царини за европскиот челик и алуминиум на две години, почнувајќи од јануари 2022 година и да ги замени со квоти.
Американскиот систем на квоти дозволува увоз до 3,3 милиони тони челик од ЕУ и 384.000 тони алуминиум во САД без царина, додека поголемите количини се предмет на царини.
Европската комисија се пожали дека системот на квоти во САД е ригиден, но овој спор ќе го решат политичарите кои ќе бидат на власт по изборите во ЕУ и во САД.
Подготвено од А.Ѓ.