04.12.2023 Скопје
Индонезискиот вулкан Марапи во Западна Суматра еруптираше, исфрлајќи вулканска пепел висока до 3.000 метри во воздухот, објави локалната Агенција за управување со катастрофи.
Вулканот висок 2.891 метар еруптирал во 14 часот и 54 минути по локално време, а вулканската пепел била расфрлана со голем интензитет во околните области, соопштија властите.
Сликите од Агенцијата за управување со катастрофи покажуваат автомобили и патишта покриени со пепел.
Властите им забранија на жителите и посетителите каква било активност на три километри од кратерот и поставија второ највисоко ниво на тревога за планината Марапи.
На жителите им беа дадени маски и беа повикани да останат внатре.
Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, има 127 активни вулкани.
Подготвено од А.Ѓ.