19.12.2023 Скопје
Актуелниот претседател на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, убедливо победи на претседателските избори, освојувајќи 89,6 отсто од гласовите, објави египетската Национална изборна комисија.
Со оваа нова победа Абдел Фатах ел Сиси го освои својот трет последователен шестгодишен мандат.
Тој првпат победи на изборите во 2014 година, а беше реизбран во 2018 година, освојувајќи 97 отсто од гласовите и двата пати.
Изборите во Египет се одржаа на 11 декември во сенка на економската криза во земјата, како и војната во Појасот Газа.
Подготвено од А.Ѓ.