01.12.2023 Скопје
Француската економија забележа пад од 0,1 отсто во третиот квартал од годината, а ноемвриската инфлација се намали повеќе од очекуваното, покажуваат ревидираните податоци на статистичкиот институт INSEE.
INSEE објави дека придонесот на бруто капиталот за инвестиции, кој покажува колку нова додадена вредност се инвестира во економијата, а не се троши, е значително ревидиран надолу во француската економија, а придонесот на домашната побарувачка е исто така намалена на 0,2 поени.
Заводот за статистика објави дека придонесот на надворешнотрговската размена е минус 0,4 поени и дека има негативно влијание врз бруто домашниот производ во третиот квартал, бидејќи увозот е зголемен.
Во ноември, прелиминарната инфлација, усогласена со целата ЕУ, изнесуваше 3,8 отсто на годишна основа, инфлацијата се намали од 4,5 отсто во октомври, што беше помогнато со намалувањето на ценовниот притисок во енергетскиот и услужниот сектор.
Цените на храната се зголемија за 7,6 отсто во ноември, во однос на 7,8 отсто во октомври, додека цените на енергијата се забавија на 3,1 отсто, откако минатиот месец пораснаа за 5,2 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.