ekologija atrakcija slon

21.12.2023 Скопје

Дел од познатата карпа „Стеблото на слон“ на североисточниот брег на Тајван се урна во морето поради силни бранови и ветрови, соопшти канцеларијата на регионот Руифанг во градот Нов Тајпеј.

Јанг Шенг-мин, шеф на регионалната канцеларија, рече дека добил извештај дека парче карпа паднало во морето непосредно пред 14 часот во саботата.

Бидејќи ветровите и брановите беа многу силни тоа попладне, се претпоставува дека делумниот колапс се случил поради временските услови и долготрајната ерозија од морската вода, рече Јанг.

Карпата „Стебло на слон“ со години е популарна туристичка атракција и популарно место за селфи.

Со цел да се заштити овој значаен географски релјеф, во 2020 година регионалната канцеларија постави предупредување околу областа за да ги спречи посетителите да се искачат на карпата.

Областа моментално е оградена, а Одделот за туризам и патување на Нов Тајпеј ги повика граѓаните да се држат подалеку од карпата заради своја безбедност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author