07.12.2023 Скопје
Џиновска дупка во атмосферата на Сонцето, пет пати поголема од Јупитер, ослободи моќен сончев ветер кој патува низ нашиот ѕвезден систем.
Научно се нарекува коронална дупка и моментално се врти подалеку од Земјата, иако пред неколку дена беше насочена токму кон нашата планета и насочи млаз честички кон нас.
Последиците од оваа појава не се причина за тревога. Станува збор за сончева бура со умерен интензитет, но за научниците е многу интересна поради следењето на однесувањето на Сонцето додека влегуваме во сончевиот максимум.
Сонцето во последно време се однесува многу палаво, што е и очекувано бидејќи нашата ѕвезда минува низ своите циклуси, во текот на кои добива повеќе сончеви дамки, сончеви блесоци, масивни исфрлања на коронални материјали и коронални дупки.
Овој вид на активност ескалира до одреден врв, односно сончев максимум, пред да се смири и да се придвижи кон сончевиот минимум – период на релативна смиреност и намалена активност.
Се чини дека овој циклус е условен, или барем се совпаѓа, со поместувањето на магнетното поле на Сонцето, односно кога неговиот северен и јужен пол „ги заменуваат местата“.
Ова поместување ќе се случи на соларниот максимум што се очекува во текот на 2024 година.
Подготвено од А.Ѓ.