25.12.2023 Скопје
Регионалниот суд на Баден-Баден соопшти дека има осудено државјанин на Босна и Херцеговина (41) на затворска казна во трање од една година и 11 месеци, условно во траење од три години, поради измама на повеќе деловни субјекти, од кои има заработено 1,1 милион евра.
Во пресудата се наведува дека осудените ќе уплатат 15.000 евра на социјалните установи во Баден-Баден.
Државјанинот на Босна и Херцеговина е обвинет дека ги има измамено сопствениците на мали и средни бизниси со тоа што ги има натерано да веруваат дека се регистрирани во онлајн бизнис именик. Воедно, од неговиот кол центар ги имаат известено дека поради спроведување на истражување на јавното мислење, тие компании треба да платат неколку стотици евра. Но, во реалноста, ништо од ова не постоело: ниту деловен директориум, ниту едно истражување од каков било вид.
Неговите оператори би ги условиле сопствениците на бизниси дека, доколку не сакаат да платат, можат да очекуваат повик од агенција за наплата на долгови. На овој начин осудениот наводно противправно се стекнал со 1,1 милион евра.
Инаку, непосредно пред изрекувањето на пресудата неговите адвокати се обидоа да се спогодат со обвинителите. Имено, обвинителите понудија дека во случај на признание може да очекува условна казна.
На крајот, овој 41-годишник конечно се согласил на спогодба и ги признал наводите поврзани со периодот од 2018 до 2020 година, вкупно 1.035 случаи.
Подготвено од А.Ѓ.