12.12.2023 Скопје
Полскиот парламент вчеравечер го избра Доналд Туск, лидерот на центристичката партија Граѓанска платформа за нов премиер, по осумгодишното владеење на партијата Право и правда на претходниот премиер Матеуш Моравјецки.
Туск стана премиер откако претходно денеска долниот дом на полскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Моравјецки.
Туск беше избран за премиер речиси два месеци по парламентарните избори, со помош на коалиционите партнери, вклучително и левичари и умерени конзервативци.
Партиите излегоа на избори одделно, но ветија дека ќе работат заедно под водство на Туск за да ги обноват демократските стандарди и односите со сојузниците.
Ова гласање стави крај на осумгодишното владеење на партијата Право и правда (ПиС), за која критичарите велат дека ја поткопа независноста на судството, ги користеше државните медиуми за нивна пропаганда и придонесе за создавање предрасуди против малцинските групи, како што се мигрантите или ЛГБТ заедницата.
Туск, поранешниот претседател на Европскиот совет, вети дека ќе ги „омекне“ односите меѓу Варшава и Брисел и ќе ги деблокира милијардите евра наменети за Полска, кои се во застој поради загриженоста на лидерите на ЕУ за владеењето на правото во Полска.
Изборите во Полска се одржаа на 15 октомври. Партијата на Моравјецки освои 194 пратенички мандати, а на Туск 157.
Подготвено од А.Ѓ.