12.12.2023 Скопје
Утрово сите училишта во Белград повторно добија дојава дека во училиштето е поставена бомба.
Родителите добиваат пораки од наставниците и одделенските раководители дека добиле известување од МУП дека сите училишта во Белград добиле дојава за бомба.
Основното училиште „20. Октомври“ во Нов Белград со месеци секој ден, понекогаш дури и четири пати дневно добиваат дојави за бомба. Учениците повторно се изнесени во дворот и веќе имаат доста изгубено од часовите.
Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование на Србија вчера соопштија дека се подготвува нов безбедносен протокол за училиштата и градинките. Со него се предвидува училиштата и градинките да се проверуваат секоја вечер, а потоа да се заклучуваат.
Подготвено од А.Ѓ.