Image by jcomp on Freepik

13.12.2023 Скопје

Карлсберг Јакоб Аруп-Андерсен, новиот извршен директор на данскиот производител на пиво, истакна дека неговата компанија ќе продолжи да ги зголемува цените на пивото во 2024 година, потенцирајќи дека ќе се обиде да го поттикне растот во Азија за да ја надомести загубата во Русија.

Според образложението на Аруп-Андерсен, цените на пивата Карлсбер ќе продолжат да растат со цел компанијата да ги покрие зголемените влезни трошоци, но поскапувањето ќе биде нешто поблаго отколку во претходните две години.

„Компанијата планира да го зголеми својот асортиман на безалкохолни и нискоалкохолни пива, со тоа што безалкохолните пива во нордиските земји би можеле да заземат дури 10 отсто од пазарот во следните пет години“, истакна Аруп-Андерсен.

Исто така, тој истакна дека е за зголемување на инвестициите на пазарите кои брзо се развиваат, во земји како што се Кина, Виетнам и Индија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author