evropska idnina zemjodelie

20.12.2023 Скопје

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска организира панел-дискусија во рамките на кампањата на Владата на Република Северна Македонија, со наслов „Европска иднина, поблиску од било кога“ посветена на земјоделието и како интеграцијата во Европската унија ги зајакнува земјоделците од Република Северна Македонија.

Панел-дискусијата ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“, Скопје со почеток во 18:00 часот.

На панел-дискусујата ќе земат учество министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој, Никица Бачовски, како и Кирил Ристовски, претставник од Секторот за управување со предпристапни фондови на Европската унија за рурален развој „ИПАРД“, а и Ненад Стојанов, управител на УНИ АГРО ДОО од Велес.

На дневен ред на оваа панел-дискусија ќе бидат презентирани досегашните резултати постигнати во земјоделието, руралниот развој, како и производството и пласманот на македонски производи на европскиот пазар, преку искористување на средства од програмата „ИПАРД“

Владината кампања „Европска иднина, поблиску од било кога“, има за цел да нагласи придобивки од евроинтеграцискиот процес и членство во Европската унија за граѓаните на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author