14.12.2023 Скопје
На брифингот за новинари со здравствените работници беше кажано дека поради се поголемата пракса на невакцинирање на децата со вакцина против мали сипаници, се повеќе се зголемува ризикот од епидемија на мали сипаници.
Меѓу другото беше кажано и дека процентот од 83% на прва и 74% на втора доза примени вакцини е далеку од процентот од 95% од опфатот потребен за постигнување на колективен имунитет.
На брифингот беше истакнато и дека последна епидемија на мали сипаници имало во 2019 година и дури 80,5% од заболените лица не биле вакцинирани или биле со непознат вакцинален статус.
Епидемијата тогаш се заврши со масовно вакцинална кампања со МРП вакцинација со која беа опфатени над 44.000 деца од 14 годишна возраст како најефикасна противепидемиска мерка.
Подготвено од М.Д.